Да се преспие тука значи да се успее во животот: Ова место е синоним за мир, спокој и луксуз

Точка

19/05/2017

18:32

3.642

Големина на фонт

а а а

Не е ни чудо што овој хотел важи за еден од најскапите хотели во Европа.

Ако не сте позната или екстремно богата личност, можеби досега воопшто не сте слушнале за хотелот Еден Рок.

Станува збор за мал хотел на самиот брег на популарниот француски град Кан, во кој сега се одржува престижниот филмски фестивал.


Во ова време, многу угостители ќе заработат големи пари од стотиците холивудски ѕвезди кои ќе прошетаат по црвениот тепих, но се чини дека најголемата заработка ќе појде во рацете на сопствениците на Еден Рок.


Имено, со години наназад, во овој хотел отседнуваат само најпознатите и најуспешни личности како Бред Пит, Анџелина Џоли, Брус Вилис и други мегаѕвезди од Холивуд. 


Овој хотел, кој не е многу голем, го следат гласини дека одбил многу актери да ги прими во своите луксузни соби, но оние кои ќе успеат да преспијат во него, дефинитивно многу постигнале во животот.


Еден Рок со тек на годините станал симбол за мир и удобност, а истовремено и елеганција, раскош и луксуз, па можеби затоа и не треба да е чудно тоа што цената за само едно ноќевање во овој мал рај изнесува 38.000 долари, што го прави најскапиот хотел во Европа.


Од приложените фотографии погледнете во каков луксуз уживаат најпознатите личности во светот и каква магична глетка ги очекува кога наутро ќе ги отворат очите во Кан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг