Фирмата на Сеад Кочан доби нов тендер од ЕЛЕМ

Макфакс

19/05/2017

16:38

651

Големина на фонт

а а а

Компанијата на Сеад Кочан „Транс мет“ чија сметка е блокирана, повторно доби тендер од AД Електрани на Македонија, покажа набавката објавена на Електронскиот систем за јавни набавки. Според набавката, оваа компанија добила тендер во вредност од 9.440.000 денари за услуга за градежна механизација.

Доделувањето на тендерот доаѓа по двомесечнотo бегство на Кочан откако претходно му беше доделен притвор заради тоа што е осомничен во случајот „Труст“ на СЈО и тоа поради проневера на пари на доделен тендер на неговата фирма „Транс мет“ во вредност од 17 милиони евра.

Според СЈО, злоупотребите биле сторени во тендерската документација за ископ и транспорт на јаглен од рудникот „Суводол“, Битола. Три физички и три правни лица се осомничени во случајот „Труст“ кои според СЈО го добиле тендерот со фалсификувани документи. Првоосомничен во случајот е управител на Трансмет, второосомничен е управител на Силекс неметали СТ од Кратово, а третоосомничен е управител на Вато Доо Студеничани Скопје.



Спонозорирани линкови

Маркетинг