Заврши средбата на Заев и Ахмети: Лидерот на ДУИ ја напушти Бихаќка без да даде изјава

Точка

19/05/2017

15:49

5.175

Големина на фонт

а а а

Засега непознато дали паднал договор... Ахмети не даде изјава пред новинарите во врска со денешната средба, најавувајќи дека јавноста ќе биде информирана преку партиско соопштение.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред повеќе од два часа го напушти седиштето на СДСМ, каде се сретна со мандатарот Зоран Заев, со цел формирање на нова влада.

По оваа средба со Ахмети, следуваат и средби и преговори со другите партии од парламентарното мнозинство, односно со Движењето Беса и со Алијансата за Албанците.

Се очекува преговорите да се водат во текот на викендот.

Шилегов: СДСМ ќе преговара со сите партии што дадоа потписи, а влада ќе има скоро


"СДСМ е отворена и ќе се преговара со сите партии чии пратеници ги дадоа потписите за сочинување на парламентарното мнозинство. Ќе преговараме и со Беса и со Алијанса и очекувам час поскоро да завршат преговорите. Нема да чекаме 20 дена колку што е законскиот рок", изјави Шилегов.

"Ќе следи одговорност за сите неправилности што ги направи власта во заминување", посочи Шилегов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг