Apple има голема предност во однос на конкурентите - своите обожаватели

Точка

19/05/2017

17:30

528

Големина на фонт

а а а

Новиот Apple iPhone 8 би требало да биде претставен до крајот на годината, а дури 92 проценти од сопствениците на iPhone имаат намера својот телефон да го заменат со „осмицата“.

Обожавателите на Apple се најпознати по верноста кон брендот, без оглед на се. Така, истражувањето кое што го спроведе AlphaWise покажа дека дури 92% од испитаниците кои што се веќе сопственици на iPhone, планираат да го купат новиот уред на Apple во следната година.

За споредба, останатите производители не можат да се пофалат со така „верни корисници“. Кај Самсунг тој процент е 77, кај LG е 59%, Моторола 56%, а некогаш многу популарната Нокиа е последна со 42%.

Иако во текот на последните неколку месеци Apple забележа нешто помала продажба на iPhone, првиот човек на компанијата од Купертино, Тим Кук смета дека главната причина за тоа е токму тоа што наскоро ќе биде претставен најновиот iPhone 8.


„Веруваме дека причината за тоа се честите информации за идните Ајфони“, изјави Тим Кук претставувајќи ги резултатите на американската компанија.

Инаку, аналитичарите предвидуваат фантастични резултати на Apple до крајот на оваа година и очекуваат раст на акциите на оваа компанија за импресивни 18%. Со толку верни обожаватели кои што со нетрпение го очекуваат новиот iPhone 8, Apple воопшто не треба да се грижи околу тоа дали овие предвидувања ќе се остварат.



Спонозорирани линкови

Маркетинг