Села во понеделник за прв пат ќе се појави во јавност по кобниот 27-ми април

Точка

19/05/2017

12:32

735

Големина на фонт

а а а

Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците во понеделник за првпат ќе се појави во јавност откако беше претепан на крвавиот четврток во Собранието. Тој во понеделник ќе одржи прес-конференција во 13 часот во партиските простории во Тетово.

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари на својот Фејсбук профил објави дека во понеделник, во 13 часот, во партиските простории во Тетово прес конференција ќе одржи лидерот на Движењето за реформи - ДПА, Зијадин Села.

Лидерот на Алијансата на Албанците беше крвнички претепан за време на насилното влегување во Собранието на 27-ми април, кога беа нападнати пратениците од парламентарното мнозинство и дел од новинарите по назначувањето на Талат Џафери за нов спикер.


Тој беше задржан во тетовската клиника поради контузија на мозочно ткиво, хематом и фрактура на черепот. По неколкудневен медицински третман, тој беше пуштен на домашно лекување во Струга.

Претходно медиумите информираа дека здравствената состојба на Села, се влошила и тој морало да биде хоспитализиран надвор од Македонија.

Идентификуваните насилници добија 30-дневен притвор и се обвинети за обид за убиство.



Спонозорирани линкови

Маркетинг