Ја нарекувале крава, а денес поради својот необичен изглед заработува милиони

Точка

19/05/2017

12:19

7.893

Големина на фонт

а а а

Канадската манекенка Вини Харлоу има само 22 години, а веќе е една од најбараните манекенки на модните писти. Дизајнерите ги освоила со својата убавина, самодоверба и став, со оглед на тоа дека не се вклопува во класичните стереотипи за манекенките.

Вини од детството боледува од витилиго, пореметување во пигментацијата на кожата, кое се манифестира со голем број на бели "дамки". Нејзината необична убавина посебно дошла до израз на првата вечер од фестивалот во Кан, кога во прекрасна сина тоалета сензуално позирала на црвениот тепих, наликувајќи на принцеза. 


Оваа убавица се прославила во шоуто "America's Next Top Model", а во бројни интервјуа зборувала за злоставувањето со кое се соочувала во училиште поради изгледот. Врсниците често ја нарекувале зебра или крава. Одлучила дека ништо нема да ја спречи во тоа да го оствари сонот и да стане топ модел. 


"Сакам да докажам дека личноста може да ги следи своите сништа и покрај недостатоците", рекла пред три години и докажала дека и тоа како знаела да ги искористи своите мани. 


"Show me something natural..." 💋🎶

A post shared by ♔Winnie Harlow♔ (@winnieharlow) on

"Се сакам себе. Затоа почнав да добивам шанси. Му се заблагодарувам на Бог за секоја од нив. Обидете се да се сакате", рекла таа. 


Happy International Women's Day 👸🏽👸🏻👸🏾👸🏿👸🏼 #spreadlove #internationalwomensday

A post shared by ♔Winnie Harlow♔ (@winnieharlow) on


Feeling like a Princess 👸🏾👠 Congratulations @MaloneSouliers on a great presentation! Artisan Shoe heaven!

A post shared by ♔Winnie Harlow♔ (@winnieharlow) on



Спонозорирани линкови

Маркетинг