СЈО поднесе жалба на одлуката за притворот на Кочан

Макфакс

19/05/2017

11:23

184

Големина на фонт

а а а

Специјалното јавно обвинителство поднело жалба до Кривичниот суд за неопределувањето мерка притвор за бизнисменот Сеад Кочан, дознава Макфакс.

Сега Кривичниот совет на Судот треба да го преиспита решението на судијката Даниела Димовска, како судија на претходна постапка, која го пушти Кочан на слобода. Судијката вчера одлучи на Кочан да му биде одземен пасошот, а тој понудил гаранција од околу еден милион евра. Рокот во кој Кривичниот совет треба да одлучи е 48 часа. Доколку ја потврди одлуката на судијата на претходна постапка, тогаш таа е конечна.

Сеад Кочан се сомничи дека преку неговата фирма „Трансмет“, а заедно со фирмите „Силекс неметали“ и „Вато“ со фалсификувани документи добиле тендер од ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. СЈО го води случајот под кодно име „Труст“.



Спонозорирани линкови

Маркетинг