Слушам гласови, мислам дека ќе умрам: Напаѓачот од Њујорк дал бизарни причини за масакрот во Њујорк

Точка

19/05/2017

10:26

3.056

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Њујорк, Бил Де Блазио, рекол дека уапсениот Рохас е американски државјанин и поранешен припадник на морнарицата на САД.

Њујоршката полиција го уапсила 26-годишниот Ричард Рохас од Бронск, виновникот за вчерашниот напад на Тајмс Сквер, кога загинал еден тинејџер, а повредени биле уште 23 лица, меѓутоа, како што се воспоставило, Рохас на полицајците за време на сослушувањето им изнел вознемирувачки факти. 

Тој на полицајците првобитно им рекол дека слуша гласови и дека очекува дека ќе умре. 

По апсењето, тој бил спроведен во полициска станица, каде бил тестиран на алкохол и дрога. Алкотестот покажал дека во крвта немал алкохол, додека резултатите од тестовите за дрога и натаму се исчекуваат. 

Градоначалникот на Њујорк, Бил Де Блазио, рекол дека уапсениот Рохас е американски државјанин и поранешен припадник на морнарицата на САД. 

Властите соопштиле дека Рохас минатата година бил уапсен поради тоа што на нотар му се заканувал со нож, мислејќи дека му го украл идентитетот. 


Кога при таа прилика бил уапсен, тој на полицајците им рекол дека верува дека го следат. 


Тероризмот е исклучен како причина за нападот. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг