Nokia 3310 предизвика лавина: Дали се враќа времето на телефоните на преклоп?

Точка

19/05/2017

02:21

4.273

Големина на фонт

а а а

Откако Nokia ја објави новата верзија од својот легендарен модел 3310, компанијата Samsung дошла до идеја да ги оживее мобилните телефони на преклоп, коишто беа апсолутен хит пред нешто повеќе од 10 години.

Обновениот “ново-стар” уред засега се нарекува W2017, а станува збор за модерен паметен телефон со ретро дизајн, којшто пак претставува наследник на моделот W2016. А ова дефинитивно ни укажува на фактот дека Samsung нема намера да се откаже од телефоните на преклоп.

Телефонот однадвор функционира и изгледа како класичен смартфон, додека кога ќе се отвори се претвора во мобилен телефон на преклоп со вистински тастатура и екран.


Овој уред е придвижуван од процесорот Snapdragon 820 и поседува 4 GB RAM, исто како и премиум моделот на Samsung – Galaxy S7. Токму затоа овој модел на преклоп поседува и цена како флегшип моделите под логото на Samsung.

Новиот ретро телефон е отпорен и на прашина и вода, поседува скенер за отпечатоци на прсти, 64 GB внатрешна меморија, задна камера од 12 мегапиксели и предна од 5 мегапиксели.


Ретро телефонот на Samsung ќе биде достапен во ограничен број на земји, и иако не би било лошо да го добиеме и на овие простори, засега се очекува главен пазар за овој модел да биде Кина.




Спонозорирани линкови

Маркетинг