Од холивудски убавец до сериски убиец

Точка

18/05/2017

18:56

5.737

Големина на фонт

а а а

Згодниот холивудски актер Зак Ефрон ќе го глуми најозлогласениот американски сериски убиец!

Актерот Зак Ефрон, кој се прослави со тинејџерските филмови „High School Musical” и новата ѕвезда во филмот „Чувари на плажата“, ја добил улогата на сериски убиец во новиот филм.


Ефрон, кој е познат по своите улоги во романтични комедии, ќе го глуми озлогласениот Тед Банди во биографскиот филм, пишува Hollywood Reporter.

Банди бил погубен во 1989 година, откако признал дека извршил повеќе од 30 убиства за време на седумдесеттите години на минатиот век. Убиецот, силувач и некрофил важи за еден од најозлогласените сериски убијци во американската историја, а се смета дека бројот на неговите жртви всушност е многу поголем.


Филмот ќе го режира Џо Берлингер, режисер на документарецот номиниран за Оскар.

Hollywood Reporter додава дека приказната за Банди ќе биде раскажана од перспективата на неговата долгогодишна девојка Елизабет Клуфер, која со години одбивала да ја прифати ужасната вистина за него.



Спонзорирани линкови

Маркетинг