Автомобилите на бензин ќе исчезнат во рок од осум години, тврди американски економист!

Точка

16/05/2017

16:22

4.700

Големина на фонт

а а а

За најмногу осум години никаде на светот нема да се продаваат автомобили, автобуси и камиони на бензин или дизел - поради електрификација на целокупниот копнен транспорт.

Ова ќе доведе до голем пад на цените на нафтата и колапс на нафтената и автомобилската индустрија - тврди професорот по економија на Универзитетот Станфорд, Тони Себа. 

Во својот извештај "Преглед на транспортот 2020-2030", Себа предизвикал големо внимание со "зелените кругови", но и вознемиреност во рамките на нафтената индустрија.

"Двојна спирала на смртта" - и за нафтата и за автомобилската индустрија

Како што пренесува Financial Review, клучната претпоставка на Себа е дека луѓето во голема мера ќе престанат да возат и наместо тоа ќе се префрлат на само-управувачки електрични автомобили кои ќе имаат 10 пати помалку трошоци од конвенционалните автомобили, со речиси нула стапка на магринални трошоци за гориво и рок на траење од 1,6 милиони поминати километри. 


Поради масовното ширење на електрични автомобили ќе биде многу тешко да се најдат резервни делови, сервисери или обични бензнски пумпи за класичен автомобил. Продавачите на половни автомобили ќе исчезнат до 2024-та година, а Себа предвидува дека градовите ќе започнат да забрануваат луѓе-возачи кога податоците покажуваат колку се опасни во однос на само-управувачките автомобили. Ќе дојде до "масовно напуштање на постоечките возила", а цената на половните автомобили драстично ќе падне. На крај, сопствениците ќе мора да платат за да се ослободат од своите стари автомобили. 


Сето ова ќе биде "двојна спирала на смртта" за нафтата и за автомобилската индустрија, барем доколку не се прилагодат на време. Цената на барел нафта ќе падне на 25 долари, поради тоа најголемиот дел на извлекување нафта од океаните и нафтениот песок ќе станат финансиски неисплатлива инвестиција. Богатите земји со нафта - како Русија, Саудиска Арабија, Венецуела и Нигерија ќе се најдат во големи економски кризи. 


Големите германски и американски автомобилски компании исто така ќе се соочат со проблеми кога ќе сфатат дека иднината на автомобилите е "компјутер зад воланите", појаснил Себа. 

Поради тоа ќе се најдат пред тежок избор: или ќе станат производители на елекстрични автомобили на пазарот со брутално ниска стапка на профит или ќе прават услуги за транспорт како Uber и Lyfta, но повторно - со самоуправувачки автомобили.


Од друга страна, ИТ компаниите како Google, Apple и останатите од силиконската долина, таканаречени "disruptors" ќе имаат значителна предност на пазарот.

До промените ќе доведе пазарот, а не државните еколошки иницијативи

Но овие драстични промени ќе се случат како резултат на трендовите на пазарот, а не поради владините иницијативи за да се запрат климатските промени. "Ние сме на работ на една од најбрзите, најдлабоките и најдалекусежните нарушувања во историјата на транспортот. Моторот со внатрешно согорување ќе влезе во еден маѓепсан круг на се' повисока и повисока цена", вели Себа. 


Точката на пресврт ќе се случи во следните две до три години, кога капацитетот на батерија за електричен автомобил ќе поминува 200 километри, а цената на ваквите автомобили ќе падне на 30.000 долари. До 2022-та година цената на поевтините модели ќе падне на 20.000 долари по што ќе дојде до вистинска лавина на електрични автомобили на пазарот. 


"До 2025-та година сите нови возила, нови автомобили, автобуси, комбиња, трактори - сѐ што се движи на тркала ќе биде електрично - на глобално ниво. Глобалната побарувачка за нафта ќе го достигне врвот на 100 милиони барели дневно до 2020-та година и ќе падне на 70 милиони барели дневно до 2030-та година", заклучува овој економист од угледниот американски Универзитет. Нафтата тогаш ќе се употребува само во хемиската индустрија и во авијацијата.


ТОНИ СЕБА/TONY SEBA е автор на "Чисто Нарушување на Енергија и Транспорт", "Соларни Трилиони" и "Победниците Земаат Сѐ", тој е сериски претприемач во Силиконската долина и инструктор по претприемништво и нарушување и чиста енергија на Универзитетот во Станфорд. 


Повеќе на оваа тема можете да прочитате ОВДЕ



Спонзорирани линкови

Маркетинг