ЕХФ го фаворизира германскиот клуб: Пет причини зошто Флензбург ќе се пласира на „Фајнал 4“

Дерби

21/04/2017

19:45

4.389

Големина на фонт

а а а

Официјалниот сајт на европската ракометна федерација (ЕХФ) посветен на најелитното клупско натпреварување, Лигата на шампионите, објави текст на германскиот новинар Бјорн Пазен со крајно провокативен наслов: „Пет причини зошто Флензбург и Кил ќе стигнат до Келн“.

Иако нема ништо спорно самиот текст да биде напишан од германски новинар, чинот на објавување на истиот на официјалната страна делува сосема погрешно, како да се дава легитимитет на идејата во која германските клубови се претставуваат како фаворити во пресрет на дуелите од четвртфиналето.

Текстот не се базира на факти, туку на навивачки желби, поради што се зголемува тензијата која ја најави и сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко, кој само еден ден претходно порача дека ќе се откаже од инвестирањето во клубот доколку се обистинат шпекулациите и гласините кои допреле до него, а се однесуваат на крајниот исход од дуелот.


Во текстот се таксативно наброени пет причини зошто авторот смета дека германските клубови ќе бидат во предност, при што првата е дека во минатото Флензбург го има елиминирано Вардар, а Кил ја има елиминирано Барселона. Втората причина која се набројува е искуството, иако Флензбург само еднаш претходно бил на „Фајнал 4“. Третата причина е глорификацијата на Бундес лигата над шпанската АСОБАЛ и СЕХА лигата во која игра Вардар, со аргументи дека „дури и последниот тим може да победи врвна екипа“, а како четврта причина се набројува дека за разлика од Мешков Брест кој игра одлична одбрана (???), Вардар ќе игра поофанзивно а тоа му годи на Флензбург. Како петта причина се набројува заминувањето на Љубомир Врањеш по 11 години во клубот, поради што „играчите и менаџментот ќе сторат се што можат за да го заблажат крајот на долгогодишната соработка“.

Мечот Флензбург – Вардар е закажан за 22 април (сабота) во 17.30 часот, додека реваншот е во четврток во Скопје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг