Монако задоволен од ждрепката: Јувентус е тактички силен, ама …

Дерби

21/04/2017

20:16

1.301

Големина на фонт

а а а

Тимот на Монако некако сите го посакуваа во денешната ждрепка за полуфиналето на Лигата на шампионите, но таа чест да игра со него ќе ја има калчолигашот Јувентус.

Голем број од луѓето, фудбалските експерти, медиумите, обложувалниците го сметаа клубот од Торино за огрoмен фаворит во оваа пресметка, но така не сметаат од таборот на Монако, поточно амбасадорот Лудовик Жули.

-Ќе пробаме да закрепнеме и да бидеме внимателни. Тактички италијанците се силни, со одлични играчи. Ние сме задоволни, мораме да бидеме моќни и да дадеме се од себе. Ние сме на два меча од историско финале за клубот, мора да ја задржиме нашата слобада и став кои се наш заштитен знак. Има талент, но и слобода која ни овозможува да се надминеме. Жардим ќе има тешка тактичка задача, ама јас и претходно бев убеден дека ова е добра ждрепка за Монако, -истакна Жули.



Спонозорирани линкови

Маркетинг