Луиз на интересен начин ја најави пресметката со Тотенхем: Ќе биде тешко, тие имаат 11 „чудовишта“

Дерби

21/04/2017

19:33

636

Големина на фонт

а а а

Челси и Тотенхем во завршните шест кола ќе одлучат кој ќе биде новиот шампион на Англија, меѓутоа пред тој дел од шампионатот двете екипи ќе си ги одмерат силите во полуфиналето на ФА Купот на „Вембли“.

Средбата се игра утре со почеток од 18:15 и истата може да биде од огромно значање, особено ако победи забревтаниот Тотенхем кој има осум победи во низа и само два примени гола на последните шест натпревари.

Дефанзивецот Давид Луиз исклучително го цени ривалот, тренерот Покетино како и играчите нарекувајќи ги „чудовишта“.

-Тие за мене се фантастичен тим со фантастичен тренер Покетино. Тие се најдобриот физички тим во лигата, сите 11 играчи се чудовишта. Го овожавам тој тим. Ќе биде тежок натпревар за нас, мораме да бидеме подготвене да играме против еден од најдобрите состави во лигата. Меѓуто секогаш е тешко кога ќе дојдете до полуфиналето, -посочил Бразилецот за „Ивнинг Стандард“.



Спонозорирани линкови

Маркетинг