Младата девојка на популарниот пејач објави провокативни фотки и го „сруши“ интернетот

Точка

21/04/2017

17:12

3.609

Големина на фонт

а а а

Младата девојка на музичарот редовно објавува секси фотографии од идиличниот одмор кој го поминува со него. Ејприл го покажала своето тело во бикини од сите можни агли...

Робин Тик (40) ја преболел својата поранешна сопруга Паула Патон (41) со која го има синот Џулијан (6), а нова љубов пронашол во прегратките на 22 – годишната Ејприл Гери.


Пејачот кој од Патон се развел во 2015 година, моментално се забавува со новата девојка на Малдивите. Ејприл, која на Инстаграм има 111 илјади следбеници, редовно објавува фотографии на кои позира во бикини. Гери го покажала своето витко тело од сите агли, а на една од фотографиите се пошегувала на своја сметка.


„Погледни, миличок! Таму ми е остатокот од бикинито“, напишала Ејприл која Тик веќе го нарекува „љубовта на својот живот“.


„Толку си мил, духовит и секси, те обожувам. Ти го заслужуваш целиот свет, но тоа не можам да ти го подарам, па затоа ќе ти дадам милион бакнежи“, му порачала Ејприл на Робин за неговиот роденден преку социјалните мрежи.


Поранешната сопруга го обвинила пејачот дека е агресивен кон нивниот син и таа сега тврди дека Џулијан се плаши да го види неговиот татко. Паула им рекла на медиумите дека за време на нивниот брак Робин дома носел жени со кои имал секс во соба покрај детската соба.


Поранешните сопружници ја започнале својата врска кога Робин имал 16 години. Во брак биле девет години, а во врска 21 година.





Спонозорирани линкови

Маркетинг