Бог знае што преживеало ова дете: Ослободено 11-годишно девојче кое било заробено од џихадистите пред 4 години

Точка

21/04/2017

15:31

1.365

Големина на фонт

а а а

Ирачките сили во Мосул го ослободиле 11-годишното девојче кое Исламската држава го киднапирала и продала во 2014. година, изјавил главниот командант на полицијата, генерал Раед Шакир Џавдат.

Девојчето заедно со сестрите и мајката биле киднапирани од џихадистите во селото Кошоу, јужно од јазидскиот град Синџар во северен Ирак. 

"Тие кои ги киднапирале овие деца се чудовишта", рекол главниот помошник на генералот Џавдат, мајор Џафар ал Батат, во видео снимката која денес била објавена, а на која се гледа ослободеното девојче во полициската станица во јужен Мосул. 

Истакнатата јазидска пратеничка Виан Дакил, која помогнала лошата ситуација во која се наоѓа нејзината заедница да се претстави пред светот, рекла дека операцијата за ослободување на девојчето била внимателно планирана. 

"Кога Исламската држава го заземала нејзиното село на 15. август во 2014. година, таа имала 8 години и била киднапирана заедно со мајката и сестрите. Прво била одведена во Тал Афар, а потоа продадена во Мосул", рекла Дакил за AFP


 Џихадистите ги масакрирале Јазидите до тој степен што ОН официјално тоа го прогласил за геноцид. Заробените жени и девојчиња ги одвеле во робија, а потресните приказни на оние кои побегнале сведочат за невидените ѕверства на кои секојдневно се изложени. Повеќето од нив завршиле како сексуални робинки. Се верува дека повеќе од 3.500 жени и девојчиња се под ропство на џихадистите. 



Спонозорирани линкови

Маркетинг