Безбедноста на прво место: Наскоро нема да бидат потребни ПИН кодовите

Точка

21/04/2017

16:01

1.549

Големина на фонт

а а а

Mastercard тестира картичка со сензор за отпечатоци на прсти, па така корисниците, наместо преку ПИН код, трансакциите ќе можат да ги потврдат со едноставно допирање со прст на картичката.

Иако аналитичарите веруваат дека иднината на плаќањето им припаѓа на паметните телефони, паметните часовници или другите паметни уреди, класичните банковни картички нема да исчезнат во блиска иднина, посебно не ако сите ги следат иновациите на Mastercard.

Во Mastercard развиваат биометриски банковни картички кои би требало да бидат далеку побезбедни во однос на класичните картички за кои што при плаќањето треба да се внесе ПИН, затоа што доколку некое друго лице дојде до посед на таа картичка и го знае ПИН кодот, тогаш лесно може да ја испразни сметката.


Картичката која што моментално ја тестираат инжинерите на Mastercard во Јужна Африка, доаѓа со сензор за отпечатоци на прсти, па така за потврда на трансакцијата, доволно ќе биде да се допре сензорот со прст и трансакцијата ќе биде извршена.

Во оваа компанија наскоро планираат да го прошират тестирањето и во Европа и САД, па веќе оваа, или од идната година, одреден број на луѓе во Европа ќе имаат прилика да ги тестираат новите картички со вграден сензор за отпечатоци на прсти. Од Mastercard велат дека оваа картичка не се разликува многу од „стандардната“ и ги има истите димензии.


Исто така, од Mastercard порачаа дека благодарение на оваа технологија и читачот на отпечатоци на прсти, никој друг нема да може да ја користи вашата картичка и ќе нуди едно сосема ново ниво на безбедност.



Спонозорирани линкови

Маркетинг