Нема простор за паника: Сè е во ред со екранот на Galaxy S8

Точка

21/04/2017

14:58

1.864

Големина на фонт

а а а

Голем број на сопственици на Galaxy S8 и Galaxy S8 Plus моделите на Самсунг пријавија проблеми со „црвенкасти екрани“. Во меѓувреме се огласија од Самсунг и порачаа - сè е во ред!

Galaxy S8 Red Screen е во последните два дена најбараниот поим во Јужна Кореја, откако се појавија бројни корисници кои што се пожалија дека екранот на нивните нови „осмици“ е црвенкаст, притоа тврдејќи дека станува збор за некаква фабричка грешка.

Сепак, од Самсунг веднаш реагираа и порачаа дека со екраните на новите телефони сè е во ред, затоа што „наводните проблеми“ со екранот можат за брзо време и многу едноставно да се отстранат со подесување на поставките за екранот на телефонот.


Портпаролот на Самсунг, после бројните прашања од страна на технолошките портали од Јужна Кореја, но и од други земји, се огласи преку соопштение и објасни: „Сите уреди на Самсунг минуваат низ строг процес на тестирање за да го задоволат највисокиот стандард на квалитет. Нашиот "Infinity" екран за Galaxy S8 и Galaxy S8 Plus телефоните е одличен, Super AMOLED технологијата овозможува сосема ново доживување и искуство при користењето на телефонот, односно овозможуваат одлична репродукција на бои“.

„Екранот има можност за прилагодување на надворешното осветлување, па затоа, ако некој од корисниците смета дека екранот не е исправен и му се чини дека е „црвенкаст“, доволно е да ги користи поставките кои што овозможуваат корекција. За тоа е потребно да се отвори Settings > Display > Screen Mode > Color balance и да се подесат параметрите на екранот по желба“.


После ваквото соопштение од Самсунг, нема причина да не се верува дека навистина станува збор за поставки, а не за некаква фабричка грешка. Како и да е, иако сигурно е дека станува збор за подесувањата на параметрите на екранот, конечниот одговор ќе го дознаеме во следните седмици кога ќе започне масовната испорака на Galaxy S8 и Galaxy S8 Plus телефоните на Самсунг.



Спонозорирани линкови

Маркетинг