Кој профитира? Може ли тероризмот да го сврти текот на изборите во Франција?

Точка

21/04/2017

13:23

786

Големина на фонт

а а а

Додека кандидатите за претседатели на Франција во четвртокот навечер на националната телевизија за последен пат ги убедувале гласачите дека треба на нив да им дадат својот глас, терорист на ИСИС земал калашников и почнал да пука во полицајци на Елисејските полиња.

Така тероризмот на најлош можен начин ги потсетил Французите што е најголем проблем во нивната држава, и многу е можно да го променил односот на силите пред гласањето во недела

Бидејќи во текот на емисијата во живо дознале за нападот, сите кандидати своите заклучоци и поенти ги прилагодиле на ситуацијата која затекнала во незгоден момент. 

"Доста со лабавоста, доста со наивноста. До кога вака?", гласел заклучокот на Марин Ле Пен, која веројатно и без терористичкиот напад би имала сличен завршен збор. 


"Борбата против тероризмот мора да биде апсолутен приоритет на наредниот претседател на Франција", истакнал републиканецот и поранешен премиер Франсоа Фијон, додавајќи дека полицијата би требало да ги уапси сите осомничени кои се наоѓаат на таканаречената "С" листа, на која бил и Карим Шофри, терористот кој го извршил нападот. 

Бидејќи анкетите предвидуваат најнеизвесна трка во последните неколку изборни циклуси, каде четири кандидати имаат оправдана надеж дека би можеле да влезат во вториот круг, дури и најмала ситница би можела го промени односот на силите. 


Експертите за истражување на јавното мислење истакнале дека Марин Ле Пен во последните недели губела чекор и пропуштила можност да ги капитализира одличните проценти, за што сведочи и фактот што Емануел Макрон се одлепил на три проценти предност. Меѓутоа, по овој терористички напад, сè се менува. Ле Пен повторно е во центарот на вниманието, и на сите може да им каже: "Ви реков, а вие не ме слушавте". Нападите дефинитивно ќе предизвикаат револт кај неодлучните гласачи, а тоа ќе значи гласови за Ле Пен и Фијон, со оглед на "политиката на отвореност" на Макрон. Младиот банкар и поранешен министер за економија води во анкетите, но за негова Ахилова пета се смета токму прашањето за безбедноста, а многумина го сметаат и за премногу мек. 


Ле Пен има силна поддршка меѓу француските полицајци, која само ќе се зголеми откако ги изгубиле своите соборци во четвртокот навечер. Сепак, постои солидна можност дека Ле Пен ќе доживее дебакл, исто како и три седмици по терористичкиот напад во 2015. година. Тогаш Националниот фронт убедливо победил во првиот круг на регионалните избори, за да доживее потоп во наредната рунда. 


Токму поради тоа најголеми шанси за скок има Франсоа Фијон, кој така би станал од "мртвите", по падот на популарноста по наводниот корупциски скандал. 



Спонозорирани линкови

Маркетинг