Ravitez заедно со Afrojack на OHRID CALLING 2017!

Точка

21/04/2017

12:52

299

Големина на фонт

а а а

Дефинирани се сите детали за првиот фестивалски ден на OHRID CALLING 2017, којшто ќе се одржи на 01 август во Охрид на стадионот "Билјанини извори".

На првиот фестивалски ден на кој како главна ѕвезда ќе настапи популарниот AFROJACK, шоуто ќе го отвори младиот и талентиран диџеј RAVITEZ.

DJ RAVITEZ е млад диџеј од Холандија, чија кариера започнува пред 7 години. Неговата работа и страст кон музиката првично ја забележува тимот на Nicky Romero од Protocol Recordings, а потоа и AFROJACK кој го зема во неговиот тим, давајќи му привилегија да ја дели сцената со некои од најголеми имиња на светската електронска сцена и со него е придружуван на турнеите по светот и фестивалите како: Ultra Music Festival (Мајами), Tomorrowland (Белгија), EDC (Лас Вегас), Untold Festival (Романија) и многу други.


Билетите за фестивалот OHRID CALLING ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (24.04.2017) преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн, по цени од:

1000 денари ПАРТЕР  

1.500 денари ФАН ПИТ

1.500 денари ВИП

2.000 денари УЛТРА ВИП


БЛОК ВЛЕЗНИЦИ ЗА ДВАТА ФЕСТИВАЛСКИ ДЕНА:

1.500 денари БЛОК ВЛЕЗНИЦА за ПАРТЕР

2.000 денари БЛОК ВЛЕЗНИЦА за ФАН ПИТ



Спонозорирани линкови

Маркетинг