Развратници, силувачи и зависници: На ТВ се супер, но во приватен живот ...

Точка

21/04/2017

12:38

2772

Големина на фонт

а а а

Ги гледавме во улоги на посветени татковци, со добра и чиста душа, но нивните приватни животи не можат да бидат поразлични од оние на ТВ. Ова се само неколку од нашите омилени татковски фигури од ТВ, чии мудри мисли сите со занес ги слушаме, но во приватен живот всушност имаат многу темни страни.

Прв на оваа листа е секако, Бил Козби: 



Оваа листа не би имала никаква смисла доколку на неа го нема "најизопачениот ТВ татко" во историјата. Да, сите го памтиме како супер-симпатичниот д-р. Huxtable, но времињата кога наивно верувавме дека најлошата работа која овој супер-татко може да ја направи е да не го подели сочниот сендвич со своите деца се далеку зад нас. 

Всушност, од средината на 60-тите до денес, Козби дрогирал и силувал повеќе од 50 жени! А жалбите за кои се пишуваше во медиумите, одеднаш станаа "жешка стока" па се чини како да немаше ден, а да не се појави уште охрабрена жена која одлучила да проговори за стариот перверзен Козби. Козби пак тврдеше дека е невин, а што е одлучи судот ќе дознаеме во јуни оваа година. 

И додека некои го бранат тврдејќи дека дел од тужбите се најверојатно обид да се извлечат пари од оваа некогаш голема ѕвезда, не смееме да заборавиме дека и една жртва е премногу, а 50? 

Тим Ален


Во деведесеттите години тој беше во цутот на славата со улогата во хумористичната серија "Сам свој мајстор" во која го играше Том Тејлор. Точно, Том не беше совршен, но даваше сè од себе неговата сопруга и нивните три деца да имаат пдообар живот. Тој беше олицетворение на чистокрвен американски татко кој ги сакаше алатите, спортот и автомобилите. 

Во приватен живот, актерот и комичар Тим Ален најмногу сакал кокаин поради што имал проблеми со законот уште од 70-тите. Откако на еден аеродром го уапсиле за поседување на дрога, Ален ја признал вината и ги издал дилерите со цел да му ја намалат казната. Покрај белото, тој бил и голем љубител на чашката па дополнително ја искомплицирало ситуацијата. 

Боб Сагет


Во "Полна куќа" тој ја толкуваше улогата на добар татко, но во исто време на здодевен маж лишен од сите пороци. Покрај тоа, во популарната но речиси иритантна, семејна комедија исполнета со нереално "совршенo принципиелни" ликови, Дени Танер беше најстерилен од сите.

Многумина не го знаат, освен ако не гледале барем еден од неговите stand-up настапи. Боб Сагет е валкан, перверзен човек и еден од највулгарните американски комичари. А доколку се уште не сте го виделе во полн сјај, ви препорачуваме да го направите тоа бидејќи истата секунда ќе го заборавите сето она што ви идеше "на живци" во серијата каде што глуми беспрекорен.

 Макс Рајт



Можеби не го памтите како добар актер, но Макс Рајт беше преквалификуван з аулогата која го прослави. Класично истрениран актер кој актерскиот занает го владееше, заврши како невротичен здодевен лик во мегапопуларната серија "ALF" во која глумеше еден од најпопуларните татковци, Вили Танер. А кога од Шекспир ќе ви доделат улога на идиот додека покрај вас се кикотат зборлести кукли, ова може да предизвика големи фрустрации.

Покрај тоа што се нервирал бидејќи улогата му носела многу повеќе пари отколку што навистина сакал, него го следи и еден скандал. Наводно, медиумите во тоа време објавиле неверојатна приказна за проблематичниот актер кој е снимен како пуши крек и има секс со уште двајца мажи од кој едниот е негов близок пријател, а другиот бездомник на кого му платиле 100 долари да им се придружи на пријателите и да ужива во кокаин и секс без заштита. 

Во суштина, ако не ви се допаѓа вашата работа, тоа може да ве наведе да направите некои прилично загрижувачки глупости. 

Џон Гудман



Баш како што и самото презиме имплицира (Goodman), Џон е добар човек, а еден таков глумеше и во популарната комедија "Roseanne". И додека повеќе преферираме да го гледаме во улогите на психопати во кои е брилијантен, во оваа серија тој глумеше забавен, буцкаст татко од работничка класа. 

Гледајќи го во оваа улога тешко е да се поверува дека зад камерите се одвивала тешка, лична драма. Всушност, Гудман цели 30 години водел жестока битка против зависноста од алкохол. Во едно интервју признал: "Не сум сигурен колку мојот стар пријател Џек Дениелс ја има оштетено мојата меморија, но се дружевме добри 30 години по што веќе за ништо не ми беше гајле. Доста ми беше и од самиот себе, повеќе не сакав ни да бидам актер.."

Како што можеме да видиме според некои нови фотографии, борбата со алкохолот конечно се исплати и Гудман денес изгледа подобро од билокога. 

Стивен Колинс


За многумина познат како главата на семејството Камден во популарната американска серија "На седмо небо" каде го глдавме во улогата на добриот свештеник и уште подобар татко. Американските пастири, кои инаку "се вознемируваат" на секоја дојка, секс сцена или пцовка, оваа серија ја пофалија и ја наведоа како добар пример за серија која промовира вистински вредности. Со други зборови - здодевна серија. 

Но додека пред камерите беше совршен пример на семеен човек и свештеник во интервју од 2014-та година за магазинот People, Стивен Колинс ги коментираше обвинувањата дека злоупотребувал малолетнички. Призна дека во 1973-та година тој се соблекол пред малолетничка и ја натерал да го допира, а во 1982-ра и 1994-та го направил истото со две тинејџерки. 

Секако, требаше да ви се упали алармот уште кога напишавме "свештеник"..



Спонозорирани линкови

Маркетинг