Корејската војна само што не започнала: Путин испраќа тенкови и војска на границата со Северна Кореја

Точка

21/04/2017

11:30

9.364

Големина на фонт

а а а

Откако Кина неодамна распореди 150 илјади војници на границата со Северна Кореја, сега и Русија на својата страна од границата со таа држава распоредува војници и тешка воена опрема.

Рускиот претседател Владимир Путин, како аргумент истакнал дека стравува од бран на бегалци, во случај американскиот претседател Доналд Трамп да нареди воен напад на Северна Кореја, па затоа наредил зајакнување на силите во близина на границата со Северна Кореја.

Русите започнале да испраќаат дополнителен број на војници недалеку од граничните премини со Северна Кореја, а наводно веќе пристигнувале тенкови и други оклопни возила.

На интернет се појавија неколку воени снимки на кои што се гледа како воз натоварен со воена опрема се движи кон границата помеѓу Русија и Северна Кореја, а исто така во близина на границата биле забележани и руски воени хеликоптери.

„Три возови со воена опрема се движат кон регионот Приморски, нешто за што сведочи и локалното население. Вакво преместување на воена опрема, и тоа со различни видови на транспорт, не се памети во Приморски регионот, а без сомнение, сето тоа е поврзано со ситуацијата во Северна Кореја“, изјавил воениот ветеран Станислав Синитсин за британските медиуми.

Наводно руската војска во близина на границата распоредила и неколку тешки артилериски единици, а Синитсин за руската национална телевизија изјавил дека таквите потези се „превентивна и неопходна мерка на претпазливост“.

„Поради стравување ситауцијата да не се влоши, посебно во светло на неодамнешните воени закани и турбуленции, вооружените сили на околните земји внимателно ги следат своите гранични премини со Северна Кореја, а ниту ние не сме исклучок. Оваа ситуација бара посебно внимание поради тоа што Пјонгјанг неколку пати во минатото го нарушуваше мирот во регионот и прекршуваше разни договори“, истакнал рускиот ветеран.


Од друга страна, Александар Гордејев, еден од портпаролите на руската војска одбил да открие зошто Руската федерација ги зајакнува воените активности во близина на границата со Северна Кореја.

Секако, имајќи го во предвид непредвидливото однесување на Ким Јонг Ун, сосема е јасно зошто Русите не сакаат се да препуштат на случајот, посебно затоа што едно од најголемите руски пристаништа во градот Владивосток, се наоѓа на само 15 километри од границата со Северна Кореја.

Покрај тоа, во Русија владее загриженост дека доколку дојде до напад на САД на Северна Кореја, во земјата би можела да настане голема хуманитарна криза чии што последици би ги почувствувала и Русија, со оглед на тоа што севернокорејците во една таква криза, излезот би го побарале во Русија и Кина.


Владимир Путин ги предупреди Американците дека во случај на бомбардирање на севернокорејските нуклеарни постројки, радиоактивниот облак многу лесно би можел да се прошири и кон Русија, и порача дека „Москва нема да дозволи едно такво сценарио“.

Рускиот експерт за Северна Кореја, Константин Асимолов од Институтот за Далечниот исток, за „РИА Новости“ изјави дека во случај на американски напад на севернокорејските нуклеарни постројки, радиоактивниот бран би стигнал до Русија за помалку од два часа. Покрај тоа, тој предупреди дека илјадници гладни жители на Северна Кореја би се упатиле кон Русија.

Корејската војна се водеше од 1950-та до 1953-та година помеѓу Северна и Јужна Кореја, а на страната на Јужна Кореја учествуваше и САД и уште неколку западни сојузници. На страната на Северна Кореја беше Кина, а крвавата војна во која што загинаа над 3 милиони луѓе конечно заврши на 27-ми јули 1953-та година.



Спонозорирани линкови

Маркетинг