Ситуацијата е тензична: Кинезите ги подготвуваат своите тешки бомбардери

Точка

21/04/2017

09:30

5.593

Големина на фонт

а а а

Кинеската војска ги ставила на високо ниво на подготвеност своите воени бомардери, поради се позатегнатата ситуација на Корејскиот полуостров и можното избивање на војна.

Функционер од американското министерство за одбрана, за „СиЕнЕн“ открил дека системите земја-воздух, како и бомбардерите вооружени со крстосувачки ракети се ставени во состојба на висока воена подготвеност, а исто така, воочено било распоредување на други летала со целосна опрема.

Истиот функционер открил дека ваквите потези на Кинезите се оценети како дел од напорите да се „намали времето на реакција во случај да дојде до некаква непредвидлива ситуација во Северна Кореја“.


Властите од Пекинг долго време се загрижени дека режимот во Северна Кореја би можел да повлече некакви лоши потези. Иако кинеските власти се свесни дека Северна Кореја претставува проблем, тие секако не се согласуваат со американската намера во Јужна Кореја да го распореди својот против-ракетен систем "THAAD".

Со оглед на блиските економски врски помеѓу Кина и Северна Кореја, воените аналитичари од САД сметаат дека Пекинг е од клучно значење за решавањето на севернокорејската ситуација.


Претседателот на САД, Доналд Трамп, неодамна го пофали својот кинески колега Си Џинпинг за неговите вложени напори во решавањето на ситуацијата околу Северна Кореја, меѓутоа исто така, Трамп изрази сомнеж дека претседателот Си ќе го убеди севернокорејскиот режим и порача дека во тој случај - „сите опции се на маса“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг