Тука куќите се како од бајка: Тесни улички, цветни тераси и уникатна архитектура!

Точка

20/04/2017

20:34

6.037

Големина на фонт

а а а

Благодарение на своето богато историско наследство овој град важи за една од најинтересните туристички дестинации.

Колмар е мал град во Франција и се смета за едно од најромантичните места во светот. Многу посетители истакнуваат дека во ова место се чувствувате како да сте во бајка.


Со својот изглед, Колмар потсетува на зградите и куќите кои сме навикнати да ги гледаме во книгите со бајки. Само што во овој случај приказната не почнува „Си беше еднаш еден град Колмар...“, туку овој град навистина постои.


Ова магично место се наоѓа во Франција, во регионот Алзас и областа Горна Рајна. Градот е сместен под источното подножје на планината Вогес, а низ градот поминува реката Лаух која преку канал е поврзана со реката Рајна.


Извонредно сочуваните згради и историското наследство на овој град го прават еден од најубавите во светот. Неговиот центар веќе е ставен во заштитената област. Градот поседува уникатни архитектонски споменици и музеи, па поради тоа туристите го опседнуваат во секој период од годината.


Колмар се одликува со некој посебен шарм, а додека чекорите по неговите улици добивате чувство дека сте залутале во некое далечно минато време.


Градот најдобро ќе го запознаете со истражување. Додека шетате по симпатичните улици, ќе се чувствувате како засекогаш да припаѓате таму.


Она што треба да го посетите е музејот Унтерлинден, еден од најпрестижните француски и меѓународно познати музеи, како и Доминиканската црква.


Не смеете да ја пропуштите ниту рутата La Petite Venise, дел од градот со стари рибарски колиби и врби распоредени по должината на каналот. Тој дел е одлично место за да ја испробате француската кујна.





Спонозорирани линкови

Маркетинг