Убиец полош од нуклеарната бомба: Ако дојдат терористите до него, ќе убијат 30 милиони луѓе

Точка

20/04/2017

13:06

4.199

Големина на фонт

а а а

Терористите би можеле да убијат 30 милиони луѓе доколку дојдат до биотерористички напад, предупредил најбогатиот човек на светот, Бил Гејтс.

Причината за се поголемата можност за ваквиот напад лежи во тоа што, како што навел Гејтс, денес е полесно од било кога да се создадат и прошират смртоносни вируси. 

Основачот на "Microsoft" последните месеци често во своите јавни настапи предупредува на фактот дека епидемијата на смртоносни респираторни вируси би била поопасна дури и од нуклеарен напад. 

Тој, како што се наведува, смета дека сега е поважно од било кога да им се помогне на државите во следењето на болестите и спречувањето на глобалните трагедии.

"Биотероризмот е многу поголем ризик од пандемијата", рекол Гејтс. Тој додал дека напредокот во биологијата довел до тоа терористите да можат полесно да создаваат болести како смртоносни сипаници. 

"Тоа би можело да доведе до смрт на 10 милиони луѓе, а толку голем број на жртви не би можел да предизвика ни нуклеарен напад. Така, најголемиот ризик доаѓа од предизвикани епидемии или намерно предизвикан биотерористички напад", предупредува Гејтс и додава дека вирусот кој брзо се шири во воздухот би можел за една година да убие повеќе од 30 милиони луѓе.

"Мораме сериозни да размислуваме за тие ризици", рекол Гејтс. 

Како што навел, патувањето на луѓето по светот ќе значат дека во иднина епидемиите би можеле да бидат уште посмртоносни и од шпанскиот грип во 1919., од кој тогаш умреле 100 милиони луѓе. 

"Во следните 20 години ќе имаме епидемии многу полоши од вирусот ебола, или зика вирусот, а можно е тоа да биде епидемија во облик на грип", рекол Гејтс, нагласувајќи дека "кога има здравствена криза некаде" значи дека "има здравствена криза секаде".



Спонзорирани линкови

Маркетинг