Сакате да станете Австралиец? Ова се новите правила за кандидатите за државјанство

Точка

20/04/2017

12:01

4.929

Големина на фонт

а а а

Подобро познавање на англискиот јазик, подолг престој во земјата и доказ за интеграција, како што е работа, се некои од поострите мерки кои Австралија планира да ги воведе за добивање на државјанство, соопштиле денес службениците.

Премиерот на Австралија, Малколм Турнбул, рекол дека новиот тест би претставувал одраз на вистинските австралиски вредности, наместо сегашниот со повеќекратен избор, пренесува AP


"Ова ќе биде добро за кандидатите, добро за нацијата, нагласување на австралиските вредности во срцето на австралиското државјанство", им рекол Турнбул на новинарите, додавајќи дека ваквите промени не се поради администрација, туку поради посветеноста на австралиските вредности. 


Идните Австралијци ќе мора да покажат дека го познаваат англискиот јазик, да престојуваат во земјата најмалку четири години, додека сегашните прописи наложуваат дека едногодишен престој е доволен за барање на државјанство. 


Министерот за имиграција, Петер Датон, рекол дека ќе има дополнителни полициски проверки за идните граѓани, а дека оние што вршат семејно насилство веднаш треба да се дисквалификуваат. 




Спонозорирани линкови

Маркетинг