За полагање на возачки испит ќе биде потребно и познавање на навигација...

Точка

19/04/2017

16:30

918

Големина на фонт

а а а

При полагањето на возачкиот испит во Велика Британија, возачите ќе мора да користат и GPS и на инструкторите ќе мора да им покажат дека можат да ги следат упатствата на навигацијата.

Обичните хартиени мапи веќе за многумина станаа дел од минатото, а денес речиси сите модерни автомобили се опремени со системи за сателитска навигација. Покрај тоа, возачите користат посебни GPS, а често се служат и со своите мобилни телефони.

Наместо да се загубиме во квартовите на некој непознат град, денес е доволно само да ја внесеме во уредот крајната дестинација, па на екранот од GPS уредот ќе се појават инструкции како најлесно да стигнеме до таму.


Со оглед на тоа што се поголем број на возачи користат навигација, во агенцијата која што е задолжена за тестови и полагање на возачки испити во Велика Британија (Driving and Vehicle Standards Agency – DVSA), одлучиле познавањето на сателитска навигација да го вклучат во испитот кој е потребно да биде положен за добивање на возачка дозвола.

Од DVSA порачаа дека со ваквиот чекор, сакаат да се осигураат дека возачите ќе користат безбедно GPS систем без да им пречат на другите во сообраќајот, или пак, без уредот премногу да им го одзема вниманието за време на возењето.


Оваа одлука ја поддржа и британскиот министер за сообраќај Ендру Џонс кој што порача дека возачкиот испит и тестовите мора да одговараат на модерниот начин на живеење и користењето на сателитска навигација го наведе како еден од примерите за прилагодување на новите услови и технологии.



Спонозорирани линкови

Маркетинг