Алармантно предупредување од експертите: Нѝ се заканува најужасната епидемија до сега

Точка

04/04/2017

16:32

6.422

Големина на фонт

а а а

Експертите се сложни во верувањето дека следната епидемија на болест ќе биде големо изненадување...

"Сите сме сигурни. Инфективните болести не почитуваат никаква граница", изјавил Џими Витворт за CNN, професор по меѓународно јавно здравство на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

Тој напоменува дека ширум светот, секој ден, има нови случаи на некои заразни болести. Но модерниот начин на живот би можел да им помогне на заразите уште побрзо да се прошират.. и подалеку. CNN наведува седум причини зошто следната епидемија на болест би можела да биде потешка отколку било која до сега.



Урбанизација и раст на бројот на жители

Фактите не лажат. А факт е дека во урбаните средини живееме, работиме, се храниме и сме поблиску до другите луѓе отколку во билокоја друга рурална заедница. Поради ова, шансите растат дека епидемијата доколку се шири преку воздух, нечиста вода или пак преку комарци, лесно би стигнала до сите. 



Некои предвидувања велат дека дури две третини од светската популација ќе живее во развиени градови до 2050-тата. Покрај тоа, како што се повеќе луѓе живеат во се помал простор, тоа ја зголемува потребата за исхрана. Поради ова земјоделците ќе мора да одгледуваат се повеќе животни кои се извор на зарази. Всушност, добитокот е извор на туберкулоза и на африканската болест на спиење.

Пристигнувањето во нова средина

Како што расте бројот на жители, тоа значи дека расте и побарувачката за повеќе места за живеење, а поради тоа се градат цели градови во претходно ненаселени области, како на пример шумите. Новата околина носи контакт со нови животински видови, а со самото тоа и нов вид на болести. Дејвид Хејман, експерт од Четам Хаус, ја наведува Ласа - грозницата која се шири од изметот на инфицирани глодари. 



Ласа треската е вирусна болест придружена со висока температура и обилно крварење од различни делови на телото, вклучувајќи ги носот и очите. Хејман појаснува дека ваквата болест се пренесува и на луѓето бидејќи тие ги шират градовите и ја уништуваат природната средина на инфицираните глодари, "а тие пак, кога ќе немаат од каде да си најдат храна, ќе се свртат кон човечките домови", вели Хејман.

Климатските промени

Се повеќе и повеќе докази изгледуваат во јавноста кои покажуваат дека климатските промени носат повеќе поплави и температурски бранови. Сето ова ја зголемува опасноста од ширење на болести преку загадена вода, на пример колера, или порастот на комарци кои ќе донесат други инфекции.



Глобалното патување

Уште денес можете да отпатувате во речиси секој агол на планетата, под услов да имате доволно пари. Токму ова овозможува незамисливо ширење на епидемија. На пример, епидемијата САРС во 2003-та година започна со д-р. Лиу Џианлун. Тој развил симптоми на болеста додека бил на патување во Кина, а потоа заминал и да го посети семејството во Хонг Конг. За помалку од четири месеци, повеќе од 4.000 случаи на САРС и 550 смртни случаи беа директно поврзани со неговата посета на Хонг Конг. 



Граѓанска војна

"Ако здравството не може да се справи со епидемијата, настанува тотален хаос", вели Хејман. Државата, доколку се соочи со големи внатрешни конфликти е особено изложена од ризик за ширење на епидемија.

"Епидемија може целосно да ја парализира државата", вели Витворт и ги наведува како пример Сиера Леоне, Гвинеја и Либерија, кои, како што вели тој, биле на раб пред распаѓање. Сите три држави имаат долга историја на немири и затоа нивната економија и здравство се целосно неподготвени за ваква епидемија.



Недостаток на медицински персонал

Покрај нестабилниот здравствен систем, државите во кои заразите најчесто се случуваат се земји во развој, имаат недостаток на специјализирани, стручни лица бидејќи најголем број од нив се заминати во подобри држави да си ја бараат својата корка леб.

Ширење на информации

Во ера на компјутерите, новите методи на комуникација носат нови начини за ширење на паника помеѓу населението. Поголемиот број на мали епидемии би можело да помине сосема незабележано, особено ако сме оддалечени од епицентарот на заразата. Но денес е сосема поинаку. Сите за се дознаваме.




Спонозорирани линкови

Маркетинг