Егзотика во кревет: Поза со која ќе имате незаборавен секс

Точка

20/03/2017

21:04

4.840

Големина на фонт

а а а

Доколку ви здодејаа мисионерската поза, каубојката, доги стајл и останатите познати секс пози, еве една егзотична која целосно ќе го освежи вашиот сексуален живот.

Не е лесно постојано да се открива нешто ново, да се учат нови пози и да се смислуваат нови предизвици. Ако сте расположени за егзотика, пробајте ја кинеската деветка. Оваа поза се состои од серија длабоки и плитки пенетрации на пенисот во вагината. Плитката пенетрација подразбира влез на пенисот во една третина од вагината, додека длабоката значи влегување на пенисот до крај. Позата се изведува во пет до шест серии на два начини.


Прв начин

Според првиот систем, мажот со пенисот оди во круг девет плитки и една длабока пенетрација. Десет кругови претставуваат една серија, а вие треба да направите барем пет за жената да почувствува посебно задоволство и да доживее страствен оргазам.


Втор начин

Вториот начин на кој можете да ја спроведете кинеската деветка се состои од 9 плитки и една длабока пенетрација, по што продолжувате на следниот начин: 8 : 2, 7 : 3, 6 : 4, 5 : 5, 4 : 6, 3 : 7, 2 : 8, 1 : 9. Овој систем повторете го пет до шест пати.


Спонозорирани линкови

Маркетинг