Анџелина Џоли се најде во центарот на нов скандал

Точка

20/03/2017

22:00

9.685

Големина на фонт

а а а

Еден хуманитарен работник признал дека ги лажирал документите за посвојувањето на Медокс, синот на Анџелина Џоли од Камбоџа.

Моунх Сарат (51) тврди дека славната холивудска ѕвезда во документацијата за посвојувањето на нејзиниот најстар син користела невистинити информации. Меѓу другото, за да го забрзаат процесот на посвојување, во документите било наведено дека тој е таткото на Медокс, пишува „The Sun”.


Медокс станал член на семејството Џоли во 2003 година. „Лажев дека сум негов татко за да ја забрзаме постапката“, рекол Сарат кој тврди дека законски Медокс се` уште е негов син.

Сарат соработувал со Лорин Галиндо која договорила се` со Анџелина во 2003 година. Америка имала построги закони за позвојување деца од Камбоџа поради превенцијата на трговија со луѓе.


Американското обвинителство ја осудило Лорин Галиндо на 18 месеци затвор бидејќи тргувала со бебиња. Таа учествувала во 800 посвојувања и земала деца од семејства и лажела дека се сирачиња, а била уапсена набрзо откако Анџелина го посвоила Медокс.

„Секогаш се придржувам до законот и никогаш не би зела дете во земја каде што тоа не е легално“, зборувала Анџелина Џоли кога ја критикувала Мадона бидејќи посвоила дете од Малави.


Иако документите кои Сарат ги ги испратил во „The Sun” потврдуваат дека бил запишан како татко на Медокс, се` уште нема потврда дека Анџелина знаела за тоа. Некако се чини дека помеѓу нив „пукнало“ нешто, па работникот одлучил да ја раскаже својата приказна. „Би сакал Анџелина никогаш повеќе да не се врати во Камбоџа“, рекол тој.


Спонозорирани линкови

Маркетинг