Мислела дека ѝ се момчиња: Има 13 години, а со неа спиеле 60 мажи

Точка

20/03/2017

20:10

7.658

Големина на фонт

а а а

Педофилскиот круг масовно ја искористил ранливоста на две девојчиња кои доаѓаат од проблематични семејства.

Едно од најследените судења во Англија во историјата потресе многумина кога пред поротата излегле жртвите на злоупотребувањето. Педофилскиот круг масовно ја искористил ранливоста на две девојчиња кои доаѓаат од проблематични семејства, и тоа во толкава мера што девојчињата верувале дека она што им се случувало било „нормално“ и тие се чувствувале „возрасно“ кога мажите ги зеле под свое.

Една од девојките потврдила дека во времето на злоставувањето поминала низ рацете на 60 мажи кои ја силувале. Од нив само 11 се сега на судење, под обвинение дека извршиле сексуални злосторства, а сите негираат дека направиле било која од 49-те точки на обвинението кои се покренати против нив поради работите кои се случувале во периодот помеѓу 2006 и 2012 година.


Меѓу обвиненијата има повеќекратни силувања на деца помлади од 13 години, детска проституција и дрогирање на девојчиња за да бидат зашеметени и полесно да стапат во сексуална активност. 45 обвиненија се покренати во врска со едно, а 4 во врска со другото девојче.

Јавниот обвинител Оливер Саксби при отварањето на судењето изјавил дека се работи за девојчиња од нестабилни семејства и тие биле совршена мета. „Тие барале возбудување и внимание. Барале место каде што можат да бидат далеку од училиштето и од дома. Сакале да се чувствуваат возрасно, но и некој да се грижи за нив. Така, станале лесен плен за група мажи кои сакале сексуално задоволство.


Како што напоменал Саксби, девојчињата добивале подароци во форма на алкохол, ДВД-а, храна, а повремено и дрога. „Им биле поставени услови, па биле искористени. Прво ја добиле нивната доверба, а потоа сексуално ги искористиле.“

Девојчињата сметале дека тие мажи им се момчиња, иако поминувале низ рацете на различни мажи кои се менувале, понекогаш дури и на дневна основа. Речиси сите мажи биле со азиско потекло и многумина меѓу нив биле пријатели. Некои се оженети и имаат деца, додека некои работат како продавачи или таксисти, пишува „The Independent”.


Спонозорирани линкови

Маркетинг