Куќа фатаморгана: Никој не знае дека таа е токму тука, исчезнува и се појавува и изгледа неверојатно

Точка

20/03/2017

19:38

5.479

Големина на фонт

а а а

Куќата е „поинаква од секој агол и запрепастувачка, бидејќи го одразува она што таа самата го сака, како да е жива...“

Оваа необична куќа на дизајнерот Дог Еиткен се наоѓа во пустина во Калифорнија (Долината Коачела) и целосно се стопува со околината, бидејќи е направена од огледала.


Куќата била изградена на традиционален американски начин, како ранч куќа, во рамки на пустинската уметничка изложба „Desert X Art Festival”, заедно со уште 15 уметнички дела распоредени на 72 километри.

Куќата е наречена „Фатаморгана“ (илузија) и однадвор и одвнатре е прекриена со огледала и како таква создава илузија дека воопшто не постои.


„Ме инспирираше работата на познатиот архитект Френк Лојд Врајт. По Втората светска војна, ранч стилот на куќите станал многу популарен, а едноставноста и брзината на изградбата допринела за брз развој на предградијата на градовите“, објаснил Еиткен.

„Овој мој обид е сликовит приказ на тоа како една обична ранч куќа исчезнува во околината и повторно испливува од неа“, вели тој.


Ова е првата ваква куќа направена досега, а критичарите оценуваат дека е „поинаква од секој агол и запрепастувачка, бидејќи го одразува она што таа самата го сака, како да е жива...“

Изложбата ја организирал уметничкиот директор Невил Вакефилд и ќе биде отворена од 25 февруари до 30 април, пишува „Daily Mail”.



Спонозорирани линкови

Маркетинг