Целулитот не го уништува нивното расположение: А, едната од нив е модел!

Точка

20/03/2017

19:11

7.497

Големина на фонт

а а а

Долго време никој не му обрнуваше внимание, а потоа целулитот ја доби етикетата на најголемиот недостаток на женското тело.

„Како може една жена која се грижи за својот изглед да има целулит?“, гласеше прашањето кое ја следеше негативната репутација на „кората од портокал“. За среќа, приказните за озлогласениот целулит некако стивнаа во последно време. И манекенката Уба Хасан ни покажа дека не е крај на свет ако имаме целулит.


Манекенката со сомалиско потекло оваа година го слави јубилејниот 30-ти роденден. Кога имала 10 години, од родната Сомалија се преселила во Канада со своите родители. Уба, која била заштитно лице на водечките модни брендови како што се „Ралф Лорен“, „Гучи“ и други, и понатаму се занимава со мода, а пред неколку дена на плажа во Мајами гордо го прошетала и целулитот.


Не е совршена, но и покрај малите несовршености, таа е заносна, згодна и сексапилна! Уба уживала во Мајами со пријателката која исто така го покажала целулитот и воопшто не изгледала нерасположено затоа што не се вклопува во „критериумите за совршен изглед“.


Овие две жени се доказ дека не се празни зборовите дека доброто расположение и самодовербата ја зголемува убавината!


Спонзорирани линкови

Маркетинг