Серијалот за Хари Потер никогаш нема да заврши: Ни пристигнуваат уште филмови!

Точка

20/03/2017

18:28

2.504

Големина на фонт

а а а

Иако помеѓу последниот филм за Хари Потер и најновиот дел од тој свет „Fantastic beasts and where to find them”, поминаа многу години, тоа не ги запрело продуцентите од Варнер Брос да ги израдуваат фановите на волшебничкиот свет со нови филмови. Како што се чини, ни претстојуваат уште филмови кои ги следат настаните на кои сведочевме во „Fantastic beasts and where to find them”.

Така, снимањето на новиот филм ќе започне во текот на ова лето, во август. Локациите на кои ќе се снима новиот филм се Обединетото Кралство и Париз, но се споменува и Њујорк, во кој се одвиваше дејството на првиот филм, па поради тоа се чини дека филмот ќе започне да се одвива во сосема поинаква насока.


За сценариото и понатаму е одговорна Џ.К. Роулинг, која го напишала и сценариото за првиот филм за светот на Хари Потер во деведесеттите години на 20 век, а режисер уште еднаш ќе биде Дејвид Јејтс, кој ги режирал последните четири филмови за младиот волшебник, како и „Fantastic beasts and where to find them”.


Во новиот филм најверојатно ќе ги следиме авантурите на младиот Дамблдор, но колку има вистина во тоа се` упте не е јасно. Џони Деп ќе ја репризира улогата која ја имаше во првиот дел, како мрачниот волшебник Гринделвалд, а Езра Милер, Зои Кравиц и, секако, Еди Редмејн ги повторуваат своите улоги. Филмот би требало да пристигне во кината во ноември 2018 година.


Спонозорирани линкови

Маркетинг