Општина Центар одлучи наместо сервисна улица на Кеј да има зеленило, клупи, чешми…

Макфакс

20/03/2017

18:20

638

Големина на фонт

а а а

Наместо сервисна улица на кејот на реката Вардар, преку која требаше да биде обезбеден пристап до објектот на Телеком, советниците на Општина Центар на вонредна седница со 12 гласа „за“ решија таму да биде поставено зеленило, клупи, чешми и жардинери со дрвја кои би имале функција на дрвореди.

“Ние водиме сметка за интересите на граѓаните и убедени сме дека најголемиот дел од нив се против уништување на шеталиштето на кеј. Одобрението за изградба на оваа улица е издадено од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, во сабота, на 31-ви декември, денот на дочекот на новата 2017-та година, а пред два дена, во сабота, инвеститорот почна со изведување на градежните работи без никаква документација за изградба на ова градилиште. Битката ќе ја водиме до крај, со сите законски можни механизми. Ги повикувам граѓаните да ни се придружат, за да не го изгубиме шеталиште на кеј“, рече Жерновски.

Претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ, кажа дека Советот за одлуката на Коце Трајановски дознал во петокот и затоа е свикана вонредна седница.

На прашањето зошто за четири години ДУП-от “Мал Ринг“ не е изменет, Жерновски одговори дека конзерваторите две и пол години не ги даваат потребните дозволи за да се носи нов ДУП.

Ова, рече тој, се прави сега поради претстојните избори, новата влада и да се задоволи оној кој сето ова го платил. Досега, Законот за градење претрпел 25 измени, а Законот за просторно и урбанистичко планирање од 2014-та година, променет е 4 пати само за да се одземат ингеренциите на општина Центар.


Спонозорирани линкови

Маркетинг