Арсенал се огласи за наследникот на Венгер

Дерби

20/03/2017

21:15

2.510

Големина на фонт

а а а

Премиерлигашот Арсенал повеќе од две децении го нема променето стратегот или поконкретно Арсен Венгер е човекот кој е виновен за сите успеси и неуспеси на „топчиите“.

Токму неуспесите во последно време му донесоа негативен публицитет кај дел од навивачите кои инсистираат тој да си замине по крајот на оваа сезона кога му завршува договорот, ама се уште останува мистерија дали тоа ќе се случи.

Има различни информации околку неговиот статус, но она што е најважно одлуката ќе биде заеднична на клубот и негова. Се појавија одредени вести од Германија од реномираниот „Билд“ дека Арсенал веќе почнал да го бара наследникот на Французинот, односно оти се остварени контакти во стратегот на Борусија Дортмунд, Томаш Тухел.

Ваквите сознанија на „Билд“ за кратко време беа демантирани од клубот, од потпаролот кој за „Скај Спортс“ посочи дека тоа не е вистина.

Ако на ова се додаде и изјавата на тренерот на ВБА, Тони Пјулис дека Венгер останува и во следната сезона на „Емирејтс“ тогаш полека, но сигурно можеме да видиме каква ќе биде одлуката на тимот.

-Ќе бидам изненаден ако си замине, -истакнал Пјулис притоа дополнувајќи и образложувајќи го својот став.

-Зошто тој ми каже дека ќе остане. Тој е најдобриот менаџер кој Арсенал го имал, можат да завршат во Топ 4 и да го освојат ФА Купот. Тоа не е лошо нели? Мислам дека денеска ништо не се почитува, луѓето живеат за денеска. Ако ме прашувате што Арсенал треба или не треба да направи јас сум погрешната личност за тоа, -посочил Пјулис.


Спонозорирани линкови

Маркетинг