Мурињо објасни зошто никој не може да доминира во Премиер лигата

Дерби

20/03/2017

20:30

2034

Големина на фонт

а а а

Трофејниот португалски стратег, Жозе Мурињо објасни зошто ниту една екипа не може да доминира во Премиер лигата, односно тоа да го прави година по година, сезона по сезона.

Актуелниот предводник на Манчестер Јунајтед направи споредба со Бундеслигата каде Баерн Минхен четири години по ред триумфира, а во наредните недели се очекува да ја додадe и петтата „ѕвезда“.

-Јас дојдов во клуб кој има одлична и престижна историја, но ниту еден клуб во Англија, ниту Јунајтед, Ливерпул или Сити може постојано да биде доминантен. Силата е поделена. Во Англија клубовите се економски моќни и трансфер пазарот е отворен за секого. Земете го за пример Баерн во Германија. Знаете кога тие почнуваат да ја освојуваат титулата секоја година? За време на летото, тие ги купуваат најдбрите играчи на Борусија Дормтунд. Марио Геце, Роберт Левандовски, Матс Хумелс, -истакнал Жозе за Франс Фудбал.

Колку е во право Мурињо проценете самите, но она што е факт е дека ПЛ од сезоната 1992/1993 ја освоиле шест различни екипи, идентичен број на клубови кои во тој период успеале да дојдат до трофејот во Бундеслигата.


Спонозорирани линкови

Маркетинг