Буфон посочи која е неговата најголема фудбалска мотивација

Дерби

20/03/2017

19:45

1157

Големина на фонт

а а а

Големиот Џанлуиџи Буфон повеќе од 20 години успешно опстојува на големата сцена, прво како голман на Парма, а потоа и како член на Јувентус чиј дрес го носи од 2001 година.

Тој досега има остварено одлично успеси на клупски и на репрезентативен план, но една титула му фали и истата дополнително го мотивира и го тера да го продолжи својот фудбалски пат.

Тоа е пехарот од Лигата на шампионите кој два пати му избега во сезоните 2002/2003 и 2014/2015 кога во финалето загуби од Милан и Барселона.

-Голманот мора да биде мазохист. Како улога може да биде поврзана со онаа на судијата. Има сила да командува, може да прима голови, не може да дава и мора да трпи постојано навреди. Психолозите треба да се занимаваат со неговата улога, има многу контрадикторности. За мена да направам грешка е шок, ми требаат денови за да закрепнам. Им завидувам на оние кои повеќе не ги прават… за нив шокот не е голем. Со години се прашував што ме турка напред да продолжам да играм. Внатрешната битка ми дава поголема мотивација. Ако ја имав освоено ЛШ ќе биде празен, таа мисла ме инспирира, -вели Буфон за „Кикер“.

Џиџи и компанија можат годинава да триумфираат во ЛШ, но прво мора да ја средат Барселона во четртфиналето, па да се минат уште две скалила до големиот и толкупосакуван трофеј.


Спонозорирани линкови

Маркетинг