Мечот кој може да го одлучи шампионот на Шпанија: Одреден е датумот и времето за „Ел Класико" пресметката на „Бернабеу"

Дерби

20/03/2017

19:00

1336

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид и Барселона водат голема битка за титулата во шпанскиот шампионат со тоа што засега предноста ја имаат „кралевите“ кои имаа плус два во однос на лутиот ривал и еден заостанат меч на гостински терен против Селта Виго.

Меѓутоа без разлика на ова одлучувачки во борбата за пехарот може да биде нивната втора меѓусебна пресметка на „Сантијаго Бернабеу“ за која веќе се знае точниот датум и времето на одигрување.

Тоа ќе биде в недела на 23 април од 20:45 часот што значи целата спортска јавност ќе може слoбодно да ужива во најголемото фудбалско дерби. Мала предност за „кралевите“ е што ќе имаат ден повеќе одмор, бидејќи таа недела се закажани реванш мечевите од четвртфиналето на ЛШ со таа разлика што Реал игра во вторник против Баерн, а Барса во среда го дочекува Јувентус.

Првиот натпревар на „Камп Ноу“ заврши без победник 1-1. Во меѓусебните дуели мала предноста има клубот од шпанската престолнина, вкупно има запишано 93 победи или три повеќе од ривалот, додека 49 натпревари завршиле без победник.


Спонозорирани линкови

Маркетинг