Анкета на Ipsos за претседателските избори во Србија: Вучиќ прв, шегобиецот Бели втор

Макфакс

20/03/2017

16:42

715

Големина на фонт

а а а

Српскиот премиер и кандидат на Српската напредна партија (СНС) на претстојните претседателски избори Александар Вучиќ убедливо води пред останатите кандидати, додека на второ место е шегобиецот Љубиша Прелетачевиќ Бели, покажала новата анкета на Ipsos маркетинг, пренесуваат српските медиуми.

Истражувањето покажало дека Вучиќ е со големи шанси за победа веќе во првиот круг на претседателските избори бидејќи има поддршка од 53 отсто, додека пак кандидатот Лука Максимовиќ, кој се претставува како Љубиша Прелетачевиќ Бели е на второто место.

Прелетачевиќ во овој момент има 11 отсто поддршка, а зад него се кандидатите Саша Јанковиќ со 10,6 проценти, Војислав Шешељ со 8,7 отсто и Вук Јеремиќ со 6,9 проценти.

Претставникот на Ipsos маркетинг, Марко Уљаревиќ рекол дека во поглед на податоците од пред три недели, најсериозна промена има во растот на Прелетачевиќ Бели. „Меѓу оние кои се досега определени за него, највеќе учествуваат младите од 30 години, но значаен е бројот и на оние коишто се нешто постари. Повозрасните гласачи, пак, кои се воедно и најбројни, тешко прифаќаат алтернативни начини на комуникација и пораки базирани на пародии“ објаснил Уљаревиќ.


Спонозорирани линкови

Маркетинг