Кучињата што усмртија 4-годишно дете не биле вакцинирани

Макфакс

20/03/2017

16:40

1.332

Големина на фонт

а а а

Агенцијата за храна и ветеринарство поведе прекршочна постапка против сопственикот на овчарските кучиња од кичевското село Бачишта, врз основа на извршениот увид на лице место од страна официјалниот ветеринар и овластеното ветеринарно друштво, а по добиената информација дека кучињата нападнале четиригодишно дете од ова село.

Веднаш се преземени сите мерки пропишани со ветеринарната легислатива, извршен е клинички преглед на кучињата и истите се ставени во изолација и под официјален надзор за следење на евентуална појава на симптоми на болеста беснило.

Кучињата кои го придружувале стадото овци не биле ниту вакцинирани против оваа болест ниту идентификувани со микрочип, што е задолжителна обврска за сопствениците на кучиња, соопштија од Агенцијата.

Во наредните 15 дена додека се под официјален надзор, ќе се следат кучињата и нивната здравствената состојба, со цел да се исклучи постоење на симптомите на болеста беснило. По истекот на рокот за изолација и официјалниот надзор, официјалниот ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство, зависно од утврдената состојба ќе ги преземе понатамошните мерки утврдени со законите од областа на ветеринарното законодавство.

Имено, пред неколку дена, 4-годишно момченце беше искасано од овчарски кучиња, кое по извесно време во болница почина поради тежината на повредите.


Спонозорирани линкови

Маркетинг