Моите деца ги убиваат крвавите рани и гладта, а лекот е во Америка: Може да умрат поради Трамп, а на мене, нивниот татко, рацете ни се врзани...

Точка

20/03/2017

16:39

1.610

Големина на фонт

а а а

Семејството Абдул Џавад моментално води трка со времето...

На интернет се појавила снимка од скршен сириски татко на три деца, кој се претставува како Абдул Гани Абудл Џавад, кој со својата сопруга и децата се наоѓа во Турција, во безизлезна ситуација, со оглед на тоа дека животот на неговите деца зависи од лек во Америка.


На Абдул и неговите деца најпрво им било одобрено да одат во Америка, но одењето го спречила забраната на Трамп за влез на муслимани од седумте најголеми муслимански држави.

Во гласот на Абдул може да се слушне очајот. Во видеото кое го снимил сам во болница во Турција, објаснува како неговото петочлено семејство добило одобрение во декември да одлета во САД, но дека неговото најмладо дете тогаш било премногу болно за да може да лета со авион. Во февруари на сила стапила забраната на Трамп, и целата преселба била сопрена.



Тој потоа објаснува дека неговите два сина од две и шест години се во болница бидејќи имаат ретко генетско заболување, а дека лекот за нивната состојба е во Америка. Децата се сега неухранети, бледи, со крвави рани по кожата со дијагноза на Омен синдромот, кој заболените ги прави чувствителни за секаков вид на инфекција, поради што мора да живеат во премногу чиста околина.

Околината каде што се наоѓаат сега не е чиста и нивната состојба нагло се влошува, па крвавите траги по кожата и постелнината можат често да се видат.

Оваа состојба се лечи со трансплантација на коскена срж, што е операција која не може да се изведе ни во Сирија, ни во Турција, туку само во САД.

Семејството Абдул Џавад моментално води трка со времето. На претседателот Доналд Трамп му порачуваат дека "нивните деца не се никакви терористи, ниту дека може да претставуваат закана по националната безбедност на САД". Al Jazeera снимила филм за семејството Абдул Џавад, со надеж дека ќе помогне во решавање на нивната ситуација.


Спонозорирани линкови

Маркетинг