Тоти добива директорска функција во Рома?

Точка

20/03/2017

17:30

893

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Рома, Џејмс Палота соопшти дека клубот на Франческо Тоти му понудил директорска функција.

Како што соопшти Палота, Тоти добил понуда за шестгодишен договор на директорското место во клубот, откако ќе ја заврши кариерата. Претседателот на римскиот клуб, не сакаше да даде коментар дали 40-годишниот Тоти ќе одигра уште една сезона за „Римската волчица“.

Тоти минатото лето потпиша едногодишно продолжување на договорот, меѓутоа, со оглед на тоа што легендата на Рома добива се помала минутажа, под знак прашалник е тоа дали и идната сезона ќе ја продолжи својата кариера како професионален фудбалер.

„Не разговаравме за неговата иднина како фудбалер, но Франческо има понуден шестгодишен договор за директорска позиција во клубот“, порача претседателот на Рома, Џејмс Палота.


Спонозорирани линкови

Маркетинг