Нејмар: Би сакал да играм во Премиер лигата

Точка

20/03/2017

16:32

1.379

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Барселона, Бразилецот Нејмар призна дека би сакал во иднина да заигра во некој клуб од англиската Премиер лига.

Се шпекулираше дека Нејмар пред две години добил богата понуда од Манчестер Јунајтед, но тој одлучил да остане на „Камп Ноу“. Сепак, деновиве фудбалерот на Барселона призна дека еден ден би сакал да заигра во англиската Премиер лига.

„Таа лига ме изненадува. Го сакам стилот на игра, ми се допаѓаат Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал и Ливерпул. Тие секогаш жестоко се борат за титулата и искрено би сакал некогаш да заиграм за Жозе Мурињо или за Пеп Гвардиола“, призна бразилскиот напаѓач.

Нејмар оваа сезона има настапено на 23 натпревари во дресот на Барселона и постигна 14 погодоци.


Спонозорирани линкови

Маркетинг