Скопскиот аеродром на листата на најдобрите 10 во Источна Европа

Макфакс

20/03/2017

16:20

505

Големина на фонт

а а а

Скопскиот аеродром „Александар Велики“, со кој оперира ТАВ Македонија, е рангиран меѓу десетте најдобри аеродроми во Источна Европа за 2017 година, на Светските аеродромски награди, одржани неодамна во Амстердам, во организација на реномираната британска организација Skytrax.

Свечената церемонија на Светските аеродромски награди на ,,Скајтракс’’ се одржа во Амстердам на саемот за аеродромски услуги ,,Passenger Terminal EXPO’’ , каде што скопскиот аеродром го зазеде десеттото место на листата ТОП 10 најдобри аеродроми во Источна Европа, во категоријата „најдобри аеродроми според глобалниот регион“.

Трета година по ред ТАВ Македонија го добива престижното признание на „Скајтракс“ – Светски аеродромски награди, рангирајќи го аеродромот во Скопје „Александар Велики“ меѓу десетте најдобри во Источна Европа

Оваа листа ја предводи аеродромот во Будимпешта, а по него следуваат аеродромите во Талин, Киев, Рига, Белград, Тблиси, Софија, Братислава, Букурешт и Скопје.

„На наше големо задоволство оваа година повторно се најдовме на листата меѓу најдобрите 10 аеродроми во Источна Европа, трета година по ред, што е уште еден доказ за напредокот кој го постигнавме со скопскиот аеродром Александар Велики во изминатите седум години. Ова признание ја потврдува нашата посветеност на подобрување на квалитетот на нашите услуги, и за авиокомпаниите и за патниците. Клиентите се најважните стејкхолдери на компаниите и оттука ние како аеродромски оператор ги цениме нивните барања и мислења и секогаш работиме во насока на подобрување на нивното задоволство“, изјави Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Во рамки на Светските Aеродромски Награди, најдобрите 10 аеродроми во светот за 2017 година се: Чанги во Сингапур, Ханеда во Токио, Инчеон во Јужна Кореја, аеродромите во Минхен и Хонг Конг, Хамад во Доха, Чубу Центреир во Нагоја – Јапонија, аеродромот во Цирих, Хитроу во Лондон и аеродромот во Франкфурт.


Спонозорирани линкови

Маркетинг