Скопје и Тетово добиваат вертикални зелени билборди

Макфакс

20/03/2017

16:19

498

Големина на фонт

а а а

Во вторник и во среда, пред Центарот за култура во Тетово и во близина на хотелот „Мериот“ во Скопје, невладината организација „Екосвест“ и Амбасадата на Германија во Македонија ќе го промовираат проектот за клима и за заштита од климатски промени „Сити три“ (City tree).

На градовите Скопје и Тетово и на нивните граѓани, како што соопштија таму, ќе им бидат предадени зелените билборди за прочистување на воздухот.

„Сити три“ претставува вертикална структура од специфични видови мов, васкуларни растенија кои „јадат“ ситна прашина, азотни оксиди и озон и имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглерод диоксид годишно.

На свеченото отворање ќе се обратат Ана Чоловиќ-Лешоска од НВО „Екосвест“, амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Овој проект е овозможен со помош на средства од Фондот за заштита од климатиски промени на министерството за надворешни работни на Германија, а во набаваката на билбордите учествувале компаниите „Пакомак“, „Енерџи диливери солушнс“, „Еколог“, „Везе Шари“, „Прокредит банка“, ДХЛ, „Кнауф“ и „Де мед“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг