Вработените од Трансмет протестираа и пред СЈО

Нетпрес

20/03/2017

16:17

392

Големина на фонт

а а а

И вработените од Трансмет денеска го изразија своето незадоволство поради изреченото мерка притвор за нивниот сопственик Сеад Кочан. Денеска тие протестираа пред Специјалното јавно обвинителство, а најавуваат дека нивниот револт ќе го изразат и од други места.

Сашо Делиланов, инжењер во Трансмет истакна дека од изречената мерка притвор за Сеад Кочан најмногу засегнати се неговите вработени од кои 90% егзистираат само од платата која што ја добиваат и нивната егзистенција е загрозена.

- Доколку задоцни платата од една до 2 недели луѓето ќе нема со што да се прехрануваат, рече Делиланов. Според него околу 8000 семејства ќе останат без примања.

Во врска со случајот на СЈО „Труст“ , Делиланов вели дека јасно е како се добиваат тендерите, како се аплицира, а за се останато одлучува комисија која е поставена за тоа.

Според него важно е тендерот да е изработен квалитетно и во определениот рок. Ако нешто било направено нелегално комисијата требало да реагира навремено.



Спонозорирани линкови

Маркетинг