Спас за батериите: Бежично полнење помеѓу уредите...

Точка

20/03/2017

19:00

2.399

Големина на фонт

а а а

Sony патентираше технологија која што овозможува бежично полнење на батериите помеѓу различни уреди.

Технолошките компании веќе со години се обидуваат да пронајдат решение за еден од најголемите проблеми на мобилните телефони и таблетите - прекраткото траење на батериие. Засега не е пронајдено некакво „револуционерно“ решение, па луѓето најчесто ги носат полначите со себе, користат екстерни полначи и внимателно штедат батерија.

Сепак, од Sony неодамна патентирале технолигија која што, иако нема врска со зголемувањето на капацитетот на батеријата или со намалувањето на потрошувачката, сепак би можела делумно да го реши овој проблем.


Најновата технологија на Sony би можела да овозможи бежичен пренос на енергијата помеѓу уредите, односно бежично полнење на батеријата. Ако батеријата на вашиот паметен телефон е „при крај“, тогаш ќе биде доволно вашиот телефон само да го доближите до друг уред кој што ќе ја има истата технологија, па ќе почне полнењето на батеријата на вашиот телефон.

Како што велат на The Verge, оваа технологија на Sony би можела да го „тестира пријателството“, односно, со оглед на тоа колку ни се важни паметните телефони денес, а батериите колку кратко траат, тешко дека некои ќе се согласат енергијата на батеријата од својот паметен телефон да му ја пренесат на друг.

Секако, треба да се напомене дека ова е само патент и засега не е познато дали Sony планира да го имплементира во своите идни паметни телефони.


Спонозорирани линкови

Маркетинг