Хорнер: Доминацијата на Мерцедес е лоша

КРУГ.МК

20/03/2017

15:59

788

Големина на фонт

а а а

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер изјави дека е невкусно Мерцедес да доминира уште три години.

Сребрените стрели се посебна лига во последните години и Хорнер ги повика новите сопственици да го изедначат спортот што побрзо.

„Невкустно е да се мисли дека тие ќе бидат лидери уште три години. Новите сопственици на Ф1 знаат како да направат одлично шоу и здрава конкуренција. Тоа не може да се направи вештачки но не би ме изненадило да доминираат како во претходните години“.

Тој верува дека доминацијата на Мерцедес не привлекува нови фанови и ги одвраќа веќе постоечките.

„Тоа е лошо за спортот и треба да се направи нешто околу тоа. Погрешно е вештачки да се спречи некој. Мора да работиме напорно и да ги притиснеме“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг