За сите љубители на Порше: Ова се 5-те најдобри концепти, од кабриолетот Cayenne, до спектакуларниот Mission E

Точка

20/03/2017

18:00

3.886

Големина на фонт

а а а

На YouTube каналот на Порше се претставени некои навистина уникатни концептни студии на автомобили, меѓу кои се најде Cayenne во кабриолет издание, како и Mission E.

На видеото кое што е објавено на официјалниот YouTube канал на германскиот производител на автомобили, зборуваат Петер Варга, првиот човек на дизајнот на надворешноста на автомобилите на Порше, како и Иво Ван Хултен, првиот човек во компанијата одговорен за изгледот на внатрешноста на автомобилите.


Видеото го отвора концептниот модел 754, очигледниот претходник и главен испиратор на популарниот модел 911. Продолжува концептниот модел 989, а потоа следува „премиерното издание“ на кабриолетската изведба на Cayenne.


Четвртиот концепт на листата, 918 Spyder кој што бил претставен на Саемот за автомобили во Женева пред седум години, подоцна, од 2013-та година до 2015-та година бил произведен во 918 примероци.

На првото место се наоѓа спектакуларниот Mission E, електричен спортски автомобил на иднината чии што батерии до 80% ќе се наполнат за само 15 минути. Токму овој автомобил ја претставува визијата на Порше во кој правец ќе се развиваат идните автомобили на германската компанија.



Спонозорирани линкови

Маркетинг